Нов привремен претседател на Парламентарната Асамблеја на Азија е Турција

Турција се подготвува да следи поактивна политика во Азија

618712
Нов привремен претседател на Парламентарната Асамблеја на Азија е Турција

Во камбоџанскиот град Сием Реап се одржува Деветтото Генерално заседание на Парламентарната Асамблеја на Азија.

Главна тема на годинашнава Парламентарната Асамблеја на Азија која брои 41 земја членка, меѓу кои се наоѓаат Индија, Саудиска Арабија, Кина, Русија, Иран и други е мирот и одржливиот развој.

Турција на состанокот ја претставува делегација предводена од потпретседателот на Големото национално собрание на Турција Ахмет Ајдин.

Серијата состаноци во рамките на Генералното заседание на Парламентарната Асамблеја на која учествуваат над 150 делегати ќе траат 5 дена.

Турција во текот не привременото претседавање со Асамблејата ќе даде придонес во воспоставувањето на мирот во Азија.

Во текот на двогодишниот мандат, Турција ќе биде домаќин на два состаноци на Парламентарната Асамблеја на Азија.



Слични вести