Министерот за ЕУ Омер Челик заминува во посета на Брисел

Посетата на министерот за Еу и главен преговарач Омер Челик утре и задутре на Брисел е значајна по тоа што се остварува по изгласаната одлука со препорака од страна на Европскиот парламент за замрзнување на преговорите на Турција за членство во ЕУ

619167
Министерот за ЕУ Омер Челик заминува во посета на Брисел

Министерот за Еу и главен преговарач Омер Челик по изгласаната одлука со препорака од страна на Европскиот парламент за замрзнување на преговорите на Турција за членство во ЕУ на 29 и 30 ноември (утре и задутре) ќе престојува во посета на Брисел.

Омер Челик во рамките на своите средби и разговори во Брисел ќе се состане со потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс.

На средбата ќе стане збор за последните случувања во односите меѓу Турција и ЕУ.

Освен борбата против тероризмот на дневен ред на средбата ќе бидат поставени и договорот за реадмисија и визната либерализација за турските граѓани и прашања посветени на соработката со ЕУ во сферата на енергијата.

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик ќе оствари средби и со еврокомесарот за внатрешни работи миграциски прашања Димитрис Аврамопулос и еврокомесарот одговорен за енергија Мигуел Ариас Канете. 

Освен тоа Омер Челик ќе оствари средби и разговори и со претставници на граѓански организации и со претставниците на медиумите и деловниот свет.

Министерот Челик ќе одрижи и говор на состанокот под наслов „Форум за обука при итни состојби“ што ќе се одржи од страна на Европската комисија за образование на бегалските деца.



Слични вести