Куртулмуш, Русија не го извршила нападот на Ел Баб на 24 ноември

Потпретседателот на владата и портпарол Нуман Куртулмуш изјави дека тоа го потврдил лично претседателот Путин

619235
Куртулмуш, Русија не го извршила нападот на Ел Баб на 24 ноември

Потпретседателот на владата и портпарол Нуман Куртулмуш изјави дека добиле конфирмација за тоа дека Русија не го извршила нападот на Ел Баб во Сирија на 24 ноември во кој загинаа турски војници.

Куртулмуш додаде:  Тоа го потврди лично претседателот Путин. Постои детална документација за сета раздвиженост во регионот за тоа дали нападот го извршил авион или беспилотно летало. Откога ќе се разгледа сета документација ќе бидат преземени потребните мерки.

Вице премиерот Нуман Куртулмуш изјавата ја даде во паузата на седницата на владата. Куртулмуш воедно се осврна на ставот на ЕУ за замрзнување на преговорите за членство на Турција и рече дека предлог препораката за замрзнување на преговорите со Турција може да се оцени како алармно ѕвонче за европската политика.

Препораката во целост се коси со европските вредности и како таква е без визија и со двоен стандард. Владата на Република Турција истата оваа препорака ја оцени како неважечка,така да на самитот на ЕУ закажан за идниот месец ќе биде значајно да се има пореален пристап кон Турција.

Вице премиерот Куртулмуш на крајот го подвлече следното: ние секако дека не сакаме овие односи да се свртат во негативна насока, но доколку ситуацијата се развие во тој правец бидете уверени дека ЕУ ќе биде страната која ќе биде повеќе погодена од тоа.

 



Слични вести