Турски воени авиони уништија 4 цели на ДАЕШ на северот на Сирија

Во објавеното соопштение од Турските вооружени сили (ТВС) се истакнува дека воени авиони на турските воздушни сили уништија 4 цели на терористичката организација ДАЕШ во северниот дел на Сирија

618475
Турски воени авиони уништија 4 цели на ДАЕШ на северот на Сирија

Во вооружени судири на 95-от ден од операцијата Еуфратски штит која беше започната под водство на Турција на 24 август за исчистување на северниот дел на Сирија од терористичките елементи загина еден опозиционер на Слободната сириска армија (ССА), а 14 опозиционери беа ранети.

Во меѓувреме според објавеното соопштение од Турските вооружени сили (ТВС) воени авиони на турските воздушни сили уништија 4 цели на терористичката организација ДАЕШ во северниот дел на Сирија.

Во областа Халилије во истрелана ракета од страна на терористичката организација ДАЕШ беа ранети 22-јца опозиционери.

Во очите и телата на ранетите биле забележани симптоми на хемиски гас.



Слични вести