Нов телефонски разговор помеѓу Ердоган и Путин посветен на Сирија и Алепо

Двајцата лидери Ердоган и Путин водеа телефонски разговор посветен на последните случувања во Сирија и напорите за изнаоѓање решение за човечката драма во Алепо

618378
Нов телефонски разговор помеѓу Ердоган и Путин посветен на Сирија и Алепо

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Извори од кабинетот на претседателот истакнаа дека вчера беше остварен нов телефонски разговор помеѓу претседателот Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин.

Како што се дознава во телефонскиот разговор станало збор за последните случувања во Сирија и напорите за изнаоѓање решение за човечката драма во Алепо.

Овој телефонски разговор е втор разговор помеѓу двајцата лидери во последните 26 часа.



Слични вести