Премиерот Јилдирим: Располагаме со економија со здрави темели

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека Турција располага со економија со здрави темели

618288
Премиерот Јилдирим: Располагаме со економија со здрави темели

Премиерот Бинали Јилдирим говореше на Саемот за здравство во Истанбул и истакна дека Турција располага со економија со здрави темели.

Јилдирим рече: „Доживуваме едно разбранување. Така да претставува голема грешка тоа да се оцени како состојба специфична на Турција и трајно разбранување. Ова сакам отворено да истакнам. Сите наши граѓани би сакал да знаат дека располагаме со економија со здрави темели. Секако дека велејќи ’ова разбранување до има во светот, го има и во Турција’ нема седиме и да не правиме ништо. Наша должност е макар и малку да ги надминеме грижите на пазарите, нашите инвеститори и нашите бизнисмени. Веднаш ги презедовме мерките.“

Премиерот Бинали Јилдирим својот говор го продолжи со следните зборови: „Домашното производство, национализацијата во здравството се мошне значајни. Нашата влада ги презеде потребните мерки и ја подготви инфраструктурата за секој вик иницијатива која што би била преземена во врска со тоа. Немаме разлози. Ние можеме да направиме се. Човекот на оваа земја може да го направи подоброто од оан кое што го има во развиените земји.“

Во врска со одржаното гласање во Европскиот парламент, Јилдирим рече: „Пред два дена се собраа пратениците во Европскиот парламент и одлучија да бидат сопрени преговорите со Турција. Оваа одлука нема никаква вредност за нас. Нека донесуваат одлуки колку што сакаат. Се покоруваме пред одлуката што ќе ја донесе нашиот честит народ. Одлуките вон тоа немаат никакво, ама баш никакво значење за нас.“

Премиерот Бинали Јилдирим во врска со одлуката на Европскиот парламент рече: „Уште повеќе го оштети чувството на доверба кон ЕУ кое ионака се намалува. Оваа одлука е далеку од политичка внимателност и од добронамерност. Првенствено ЕУ треба да ја донесе својата одлука дали ќе соработува со Турција или со терориристичките организации кои слободно шетаат во Европа. Турскиот народ го очекува тоа.“

„Не треба да се заборави земјата која им ај отвори својата прегратка, го отвори своето срце за милиони лица кои поради човечката трагедија што се доживува во Сирија и Ирак за да ги спасат своите животи ги напуштија својата татковина и своите домови. Ако Турција не им излезе во пресрет на овие бегалци вие тогаш видете во каква состојба ќе биде доведена Европа. Во Унгарија и Австрија отидоа само 5 или 6 бегалци, вие нив ги клоцавте и тепавте пред очите на народот. Човештвото е во Турција. Земјата каде што не изумре човештвото е Турција.“



Слични вести