Порака со сочувство од МНР на Турција по повод смртта на Фидел Кастро

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува следното: „Смртта на легендарниот лидер на кубанската револуција Фидел Кастро ја дочекавме со големо жалење“

618279
Порака со сочувство од МНР на Турција по повод смртта на Фидел Кастро

Турција објави соопштение преку кое беше изразено сочувство по повод смртта на лидерот на кубанската револуција, едниот од личностите симболи на светската политичка историја Фидел Кастро кој почина на 90-годишна возраст.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува следното: „Смртта на легендарниот лидер на кубанската револуција Фидел Кастро ја дочекавме со големо жалење.“

Во соопштението на министерството се изразува сочувство до семејството на Фидел Кастро и кубанскиот народ и се вели дека Фидел Кастро освен тоа што се спротивстави на неправдата во Куба се спротивстави и против глобалната неправда.

Во соопштението се привлекува внимание дека кубанскиот лидер со неговите зборови „Можно е да се изгради еден поинаков свет“ ја изнесе заедничкиот копнеж на милијарди луѓе во светот.

Во соопштението освен тоа се потсетува и на љубовта што ја покажа турскиот народ кон Фидел Кастро кој во 1996 година допатува во Истанбул каде што учествуваше на состанокот на Хабитат.



Слични вести