Мевлут Чавушоглу престојуваше во еднодневна посета на Иран

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Техеран најпрвин беше примен кај иранскиот претседател Хасан Рухани, а имаше средба и со својот ирански колега Џевад Зариф

618268
Мевлут Чавушоглу престојуваше во еднодневна посета на Иран

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојуваше во еднодневна посета на Иран каде што оствари средби и разговори посветени на последните случувања во регионот на чело со оие во Сирија.

Чавушоглу во Техеран најпрвин беше примен кај иранскиот претседател Хасан Рухани.

На средбата која се одржа зад затворени врати во претседателската канцеларија освен за Сирија и други прашања во регионот беа разгледани и билатералните односи помеѓу двете земји.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на оваа негова еднодневна посета се состана и со својот ирански колега Џевад Зариф.



Слични вести