„Европа треба да се воздржува да и оддржува лекција на Турција по прашањето на бегалците“

Претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер истакна дека Турција ги отвори своите врати за повеќе од 3 милиони бегалци и дека Европа треба да се воздржува да и одржува лекција на Турција по ова прашање

618109
„Европа треба да се воздржува да и оддржува лекција на Турција по прашањето на бегалците“

Претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер во тв програмата „Global Conversation“ (Глобална Конверзација) емитувана на телевизискиот канал Euronews (Јуроњуз) со седиште во францускиот ргад Лион направи проценка на односите помеѓу Турција и ЕУ и бегалската криза.

Јункер истакна дека Турција ги отвори своите врати за повеќе од 3 милиони бегалци и дека Европа треба да се воздржува да и одржува лекција на Турција по ова прашање.

Нагласувајќи дека Турција заедно и со Јордан и Либан направи повеќе од ЕУ по прашањето на бегалците, Жан-Клод Јункер поради тоа посака од ЕУ да биде разумна при изнесување на своите критики.

„Турција е нзачаен сојузник и тоа не само поради бегалската криза. Секако претставува вистина која што стои јасно и тоа што Турција згрижи повеќе од 3 милиони бегалци што не можеше да го направи Европа. Јас затоа посакувам Европа да се воздржува да и одржува лекција на Турција по ова прашање. Турција направи многу повеќе од Европа. Затоа кога се говори за ова прашање треба да се биде скромен.“ - рече Јункер.

Одговарајќи на прашањето во врска со дијалогот што го води ЕУ со политичката власт во Турција, претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер појасни дека остварува редовни разговори со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Јункер рече: „Нашите разговори поминуваат енергично. Јас него го познавам 17-18 години. И Тој ме познава мене.“



Слични вести