Бекир Боздаг: ЕУ никогаш не беше искрена и јасна кон Турција

Министерот за правда Бекир Боздаг донесената одлука од страна на Европскиот парламент за замрзнување на преговорите на Турција за членство во ЕУ ја оцени како историска грешка и рече дека ЕУ никогаш не беше искрена и јасна како Турција

618270
Бекир Боздаг: ЕУ никогаш не беше искрена и јасна кон Турција

Министерот за правда Бекир Боздаг покажа реакција против одлуката со препорака на Европскиот парламент за замрзнување на преговорите на Турција за членство во ЕУ.

Боздаг своите размислувања ги објави преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер.

Бекир Боздаг донесената одлука ја оцени како историска грешка и рече: „Со оваа погрешна одлука и е нанесена неправда на Турција.“

Велејќи дека ЕУ никогаш не беше искрена и јасна кон Турција, Боздаг напиша: „Одлуката на Европскиот парламент за замрзнување на процесот на преговорите е последното лице кое што го видовме на оваа лицемерност на ЕУ.“

Министерот Боздаг истакна дека Европскиот парламент со оваа донесена одлука ги израдува сите непријатели на Турција вклучувајќи ги и ПКК и ФЕТО.

Министерот за правда Бекир Боздаг оваа одлука ја оцени како кочница за Турција и поддршка на терористичките организации и рече: „Доколку не се спаси од неумешните актери кои се предадени пред дискриминацијата ќе исчезна иднината на ЕУ.“

Повикувајќи ја ЕУ да се врати од оваа грешка, Боздаг уште еднаш истакна дека одлуката на Европскиот парламент е неважечка за Турција.



Слични вести