Во воздушни операции кај Ширнак и Дијарбакир неутрализирани 9 терористи на ПКК

Турски воени авиони реализираа воздушни операции во руралните подрачја на градовите Ширнак и Дијарбакир во кои се неутрализирани 9 терористи на ПКК и се уништени засолништа и наоружани позиции на терористичката организација

617305
Во воздушни операции кај Ширнак и Дијарбакир неутрализирани 9 терористи на ПКК

Во реализирани воздушни операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во руралните подрачја на градовите Ширнак и Дијарбакир се неутрализирани 9 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Турските вооружени сили (ТВС) по добиени навремени разузнавачки информации беше реализирана воздушна операција во руралното подрачје на населеното место Лиџе во округот Дијарбакир.

Воени авиони на турските воздушни сили уништија наоружани позиции и засолништа на терористичката ПКК и неутрализираа 6 терористи.

Потоа безбедносните сили реализираа активности за пребарување на теренот во областа за која станува збор и во вооружената престрелка до која дојде беше неутрализиран уште еден терорист.

Во меѓувреме по добиени едновремени разузнавачки информации беше реализирана воздушна операција и врз цели на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во руралното подрачје на градот Ширнак

Во операцијата беа погодени две скривници и беа неутрализирани двајца терористи на ПКК.

По реализираните воздушни операции турските воени авиони се вратија во своите бази.



Слични вести