Поддршка од Велика Британија на Турција

Британската влада истакна дека ќе продолжи да ги поддржува земјите кои ги исполнуваат неопходните услови и кои се приврзани кон процесот за пристапување во ЕУ

617264
Поддршка од Велика Британија на Турција

Велика Британија истакна дека ќе ги продолжи своите ветувања за поттикнување на реформите во Турција, зацврстување на стабилноста и безбедноста во Турција и за решавање на заедничките проблеми како што е миграцијата.

Во врска со одлуката на Европскиот парламент за привремено замрзнување на преговорите со Турција за членство во ЕУ, британската влада истакна дека ќе продолжи да ги поддржува земјите кои ги исполнуваат неопходните услови и кои се приврзани кон процесот за пристапување во ЕУ.

Во објавеното соопштение од британското министерство за надворешни работи се вели дека продолжуваат ветувањата на Обединетото Кралство за поттикнување на реформите во Турција, зацврстување на стабилноста, безбедноста во Турција и за решавање на заедничките проблеми како што е миграцијата.

Одлуката со препорака на Европскиот парламент (ЕП) за привремено замрзнување на преговорите со Турција за членство во ЕУ не е правно обврзувачка.

Европскиот парламент нема надлежност за прекинување или замрзнување на преговорите за членство меѓутоа донесената одлука воедно е во својство на политичка порака до Европскиот совет и владите на земјите членки на ЕУ.



Слични вести