Остро предупредување од Ердоган до ЕУ: Ако продолжите да претерувате ќе ги отвориме граничните премини

Претседателот Ердоган истакна дека Европа не ги одржа своите ветувања кон Турција по прашањето на бегалците и го достави следното остро предупредување: „Ако продолжите да претерувате ќе ги отвориме граничните премини.“

617867
Остро предупредување од Ердоган до ЕУ: Ако продолжите да претерувате ќе ги отвориме граничните премини

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на вториот Меѓународен самит на жените и правдата во организација на Здружението за жени и демократија КАДЕМ и минстерството за семејство и социјални политики изнесе остри зборови на сметка на Европскиот парламент кој посака да бидат суспендирани преговорите на Турција за членство во ЕУ.

Претседателот Ердоган истакна дека Европа не ги одржа своите ветувања кон Турција по прашањето на бегалците и го достави следното предупредување: „Ако продолжите да претерувате ќе ги отвориме граничните премини.“

Во врска со предлог-одлуката на Европскиот парламент со која се препорачува да бидат привремено замрзнати преговорите на Турција со ЕУ, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Во моментов во светот очекуваат милост милиони бебиња како Ајлан. Нема чекор кој што се фрла за нив. Дали Турција да влезе или да не влезе во ЕУ? Чекорот што се фрла е тоа. Дури и сите да би рекле да тоа не вреди ништо. За жал постојат мошне сериозни недоследности помеѓу природата и големината на проблемите и начинот на кој што се поставуваат овие прашања на дневниот ред во светот. Судирите кои што се водат во земјите како што се Сирија, Ирак, Авганистан, Либија и Сомалија, зулумот што се применува и крворполевањата се поставуваат на дневниот ред во светот само од аспект на судирите на интереси и заканата од бегалците. Доколку не станеше збор за проблемот со бегалците верувајте дека човечката драма која што се доживува во овие земји речиси немаше можност да биде поставена на дневниот ред на светот.“

Велејќи „Вие никогаш не се однесувавте чесно кон човештвото, не гледавте искрено кон луѓето“, претседателот Ердоган продолжи со следните зборови: „Вие не ги зедовте бебињата како Ајлан тогаш кога нивните мртви тела удрија на крајбрежјето на Средоземното Море. Не ги зедовте дечињата како Урман. Ние сме оние кои во оваа земја хранат 3-3,5 милиони бегалци. Не ги исполнивте вашите ветувања. Испуштавте крикови тогаш кога 50 илјади бегалци навалија на граничниот премин Капикуле. Почнавте да велите ’Што би сториле доколку Турција ги отвори своите гранични премини’. Погледнете ме! Ако продолжите да претерувате овие гранични премини ќе бидат отворени. Знајте дека такви празни закани не прифаќаме ниту јас, ниту овој народ.“



Слични вести