Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во посета на Турската Република Северен Кипар

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу  во рамките на своите средби и разговори во главниот град Лефкоша најпрвин беше примен кај претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи

617825
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во посета на Турската Република Северен Кипар

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) каде што ќе води разговори посветени на текот во преговорите за изнаоѓање трајно решение за кипарскиот проблем по самитот во Швајцарија кој што резултураше со неуспех.

Чавушоглу  во рамките на своите средби и разговори во главниот град Лефкоша најпрвин беше примен кај претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи.

На средбата присуствуваа и преговарачот Оздил Нами и генералниот директор на Одделот за Кипар при министерството за надворешни работи на Турција Бураг Озуѓерѓин.

По средбата со учество и на премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Хусејин Озѓурѓун и вицепремиерот Сердар Денкташ се премина на деловен состанок.

На третиот дел од состанокот пак учествуваа и лидерите на главната опозициона партија и опозиционите партии кои се претставени во Републичкото собрание на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).



Слични вести