Чавушоглу: Ако со вакви одлуки се сака Турција да се доведе на колена, тоа не поминува кај нас

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со одлуката на Европскиот парламент за привремено замрзнување на преговорите на Турција за членство во ЕУ рече: „Ако со вакви одлуки се сака Турција да се доведе на колена, тоа не поминува кај нас“

617540
Чавушоглу: Ако со вакви одлуки се сака Турција да се доведе на колена, тоа не поминува кај нас

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека одлуката на Европскиот парламент за привремено замрзнување на преговорите на Турција за членство во ЕУ нема никаква валидност од аспект на Турција.

„Ако со вакви одлуки се сака Турција да се доведе на колена, тоа не поминува кај нас.“ - рече Чавушоглу.

Потсетувајќи дека Турција ги отфрли сличните одлуки кои што и претходно беа донесени од страна на ЕУ и Европскиот парламент (ЕП), Чавушоглу рече: „Доколку Европскиот парламент или институциите на ЕУ, советот, комисијата донесат конструктивна одлука ние би направиле проценка дури и на критиките и би ја зеле во предвид таа одлука. Меѓутоа доколку на овој начин донесат намерна одлука ние истата ќе ја отфрлиме и таа е неважечка за нас. Всушност оваа одлука ги омаловажува и понижува Европскиот парламент и ЕУ.“

Во врска со изјавите од Европскиот парламент дека ќе бидат прекинати преговорите и нема да се отвори ново поглавје, Чавушоглу потсети дека ионака се поставени препреки во низа поглавја поради кипарскиот или поради некои земји членки на ЕУ.

Објаснувајќи дека земјите кои ги започнаа преговорите за членство истовремено со Турција станаа членки на Унијата или отворија поголем број поглавја во преговорите, Мевлут Чавушоглу нагласи дека меѓутоа кон Турција со години се применува двоен стандард.

Чавушоглу рече дека предлогот во врска со изгласаната одлука во Европскиот парламент (ЕП) е доставен од страна на лица кои се разочарани а не се радуваат поради неуспехот на обидот за преврат на 15 јули, оние кои ја поддржуваат сепаратистичко-терористичката организација ПКК и оние кои се обидуваат ПКК да се извади од списокот на терористички организации.



Слични вести