Во воздушен напад на сирискиот режим во близина на Ел Баб загинаа тројца турски војници

Сириските режимски сили реализираа воздушен напад врз турските војници во близина на градот Ел Баб и во нападот загинаа тројца војници, а 10 војници се ранети

617208
Во воздушен напад на сирискиот режим во близина на Ел Баб загинаа тројца турски војници

Во операцијата Еуфратски штит во воздушен напад за кој што Генералштабот смета дека е реализиран од страна на сириските режимски сили загинаа тројца турски војници, а 10 војници се ранети.

Ранетите турски возјници со хеликоптер и амбулантни возила беа префрлени на лекување во болниците во Газиантеп и Килис.

Како што се дознава здравствената состојба на еден од ранетите војници е критична.

Во меѓувреме во реализирана воздушна операција во рамките на операцијата Еуфратски штит на областите на градот Ел Баб и Кабасин, Бзагах и Аримах беа погодени 14 цели на терористичката организација ДАЕШ.

Во операцијата беа уништени една штабна зграда и 7 одбранбени позиции.

Премиерот Бинали Јилдирим оствари одделни телефонски разговори со министерот за одбрана Фикри Ишик и началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар од чија страна беше информиран во врска со реализираниот воздушен напад врз турските војници во близина на градот Ел Баб.



Слични вести