Во терористички напад во Шемдинли кај Хаќќари животот го загуби еден војник

Припадници на терористичката организација ПКК реализираа напад на областа на воената база Килит Тепе во месноста Дереџик во Шемдинли кај Хаќќари во кој животот го загуби еден војник

616564
Во терористички напад во Шемдинли кај Хаќќари животот го загуби еден војник

Во реализиран напад од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во населеното место Шемдинли во округот Хаќќари животот го загуби еден војник.

Според добиени информации од безбедносни извори припадници на терористичката организација ПКК реализираа напад на областа на воената база Килит Тепе во месноста Дереџик во близина на населеното место Шемдинли кај Хаќќари.

Во терористичкиот напад беше тешко ранет еден војник кој беше префрлен на лекување во Државната болница во Јуксекова, но и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и го загуби животот.  

За фаќање на терористите е започната операција во областа со поддршка од воздух.



Слични вести