Турција го презеде претседателството со Енергетскиот клуб на ШОС за 2017 година

Турција стана привремен претседавач со Енергетскиот клуб на Шангајската организација за соработка (ШОС) за 2017 година

616574
Турција го презеде претседателството со Енергетскиот клуб на ШОС за 2017 година

Турција го презеде привременото претседателствување со Енергетскиот клуб на Шангајската организација за соработка (ШОС) за 2017 година.

Одлуката за претседателствувањето на Турција беше донесена едногласно.

Досега привременото претседателствување со Енергетскиот клуб ја извршуваа само земјите членки на Шангајската организација за соработка (ШОС), така да за прв пат претседателствувањето и е доделено на една земја која не е членка на ова организација.

Во Енергетскиот клуб освен земји членки на Шангајската организација за соработка (ШОС) учествуваат и партнерски земји.

Од 2013 година во Енергетскиот клуб на Шангајската организација за соработка учествуваат земји како што се Кина, Казахстан, Киргизистан, Таџикистан, Иран, Русија, Авганистан, Индија, Монголија, Пакистан, Белорусија и Шри Ланка.

Овие наведени земји обезбедуваат 36-отсто од производството на електрична енергија во светот, 23-отсто од производството на природен гас, 20,8-отсто од производството на нафта и 60,25-отсто од производството на јаглен во светот. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на враќање од својата неодамнешна посета на Узбекистан укажа на значењето од тоа дека не треба да се остане заглавен во ЕУ и дека Турција треба да прави проценка и на можноста од приклучување кон Шангајската петорка.



Слични вести