Министерот за ЕУ Омер Челик: Одлуката на Европскиот парламент ја сметаме за неважечка

Министерот за ЕУ Омер Челик изјави дека одлуката на Европскиот парламент за привремено замрзнување на преговорите на Турција за членство во ЕУ не располага со никаква визија и е во политичка недоследност и рече: „Одлуката ја сметаме за неважечка.“

617153
Министерот за ЕУ Омер Челик: Одлуката на Европскиот парламент ја сметаме за неважечка

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик истакна дека одлуката со препорака за  привремено замрзнување на преговорите на Турција за членство во ЕУ никако не е правно обврзувачка и претставува политичка одлука која не може да се земе за сериозно.

Омер Челик изјави во Адана дека одлуката со препорака не располага со никаква визија и е во политичка недоследност и рече: „Одлуката ја сметаме за неважечка.“

Велејќи дека Европскиот парламент фрли потпис на одлука која што ќе биде заведена многу лошо во историјата, министерот Челик рече: „На Европскиот парламент гледавме како на претставник на полифоничноста, меѓутоа кога е во прашање Турција оваа полифоничност се губи и се претвара во хомогена институција. Донесена е одлука која што не е во согласност со реалноста.“

Нагласувајќи дека донесената одлука е одлука без визуелност, без свои цели и според јазикот е одлука која што не може да се земе за сериозна, Омер Челик напомена дека оваа одлука која што не е правно обврзувачка е донесена за да му се даде порака на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, но подвлече дека оние кои треба да ја земат пораката се тие.

„Оние кои сакаат со одлуката на овој парламент да ни дадат порака нам треба да знаат дека оваа нивна порака нема да влезе внатре од граничниот премин Капикуле. Оваа одлука никакво не претставува одлука која што ќе ја слушнеме.“ - рече министерот за ЕУ Омер Челик.

Привлекувајќи внимание дека оние кои денеска ја донесоа оваа одлука по обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули не беа покрај Турција, Челик нагласи дека Европскиот парламент остана индиферентен и пред драмата кога во европските земји поставуваа жичани огради пред бегалците.

Омер Челик истакна дека како што се согледува Европскиот парламент заостанал по прашањето на читање на духот на времето и додаде дека се очекува ЕУ повторно да се преобрази во институција со визионерски поглед.



Слични вести