„Турските власти  располагаат со легитимно право да побараат сметка за терористичките напади“

Високата претставничка на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини истакна дека дека турските надлежни органи  располагаат со легитимно право по прашањето на барање сметка за терористичките напади на кои е подложена Турција

616120
„Турските власти  располагаат со легитимно право да побараат сметка за терористичките напади“

Во Генералното собрание на Европскиот парламент во Стразбур беа одржани говори во врска со обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули и случувањата потоа.

Високата претставничка на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини во својот говор се осврна на последните случувања во Турција и преговорите за членство со ЕУ.

Федерика Могерини говорот го започна потсетувајќи дека за време на обидот за преврат на 15 јули ЕУ зазеде место покрај Турција која загуби повеќе од 200 свои граѓани кои застанаа во одбрана на демократијата и се испречија пред тенковите и чии Собрание беше бомбардирано.

Могерини напомена дека турските надлежни органи  располагаат со легитимно право по прашањето на барање сметка за терористичките напади на кои е подложена Турција. 

Подвлекувајќи дека прекинувањето на преговорите за членство на Турција во ЕУ ќе претставуваат загуба и за двете страни, Могерини рече: „Турција и ЕУ би можеле да реализираат значајни соработки во низа прашања. Нашата соработка во однос на Кипар, Сирија и голем број други прашања на чело со енергијата е значајна.“

Могерини напомена дека Турција се наоѓа во процес на уставна реформа и дека ЕУ е спремна да ја поддржи Турција во овој процес, Федерика Могерини додаде дека вратата за дијалог треба да биде отворена.

Застанувајќи во одбрана на тоа дека прекинувањето или замрзнувањето на преговорите за членство ќе влијае негативно и на двете страни, Могерини постои потреба од континуиран взаемен дијалог вклучувајќи ги и прашањата како што се борбата против тероризмот, иднината на Сирија и стабилноста во Кавказ.

Претседателот на Европската народна партија (EPP) како најголема политичка група во Европскиот парламент Манфред Вебер во својот говор истакна дека се на страната на стабилна Турција.

Потсетувајќи дека во последните денови во Турција се поставува на дневен ред прашањето на Шангајската петорка, Вебер рече дека се зачудени поради тоа што Турција својот поглед го сврти кон Кина и Русија.

Претседателот на Социјалдемократската група во Европскиот парламент (S&D) Џани Питела пак истакна дека социјалдемократите сеуште гледаат позитивно на влезот на Турција во ЕУ.

Претседателот на Групата на европските конзервативци и реформисти (ECR) Сјед Камал нагласи дека сеуште постојат многу големи предрасуди во врска со Турција и дека треба да се развие нов вид на однос. 

Претседателот на Групата на либерални и демократи (ALDE) Гај Верхофштат наведе дека околу Европа е формирана алка од лидери кои ја собрале силата во свои раце и додаде дека моделот на ЕУ е во тешка состојба пред претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп. 

Копретседателката на Зелените Ребека Хармс во својот говор се осврна на тоа дека има мошне значајни проблеми во регионот и рече: „Треба да го развиеме дијалогот со Турција. Тоа е мошне значајно и неопходно за нашата безбедност.“



Слични вести