Ердоган: Утрешното гласање во Европскиот парламент нема никаква вредност за нас

Претседателот Ердоган истакна дека утрешното гласање во Европскиот парламент во врска со преговорите за членство на Турција во ЕУ нема никаква вредност

616300
Ердоган: Утрешното гласање во Европскиот парламент нема никаква вредност за нас

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на отворањето на 32-от состанок на Постојаниот комитет за економска и трговска соработка на Организацијата за исламска соработка  (ИСЕДАК) во Конгресниот центар во Истанбул истакна дека Турција досега безброј пати покажа дека ги брани вредностите на ЕУ повеќе од голем број други земји.

Ердоган напомена дека утрешното гласање во Европскиот парламент во врска со преговорите за членство на Турција во ЕУ нема никаква вредност.

„Меѓутоа од нашите западни соговорници не најдовме конкретна поддршка освен нивните на лик убави зборови. Спротивно на тоа ниту едно ветување не се претвори во вистина и не беа исполнети дадените ветувања.“ - рече претседателот Ердоган.

Осврнувајќи се и на утрешното гласање во Европскиот парламент, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Независно од резултатот што ќе се добие  ова гласање нема никаква вредност за нас. Ниту една вага не може да ја измери волјата на овој народ кој го жртвуваше својот живот за својата демократијата и својата независност ноќта на 15 јули. Со кревање и спуштање на рацете таму нема да дојде до прекин во борбата за стабилноста и иднината на оваа земја. И покрај тоа што ова гласање не е обврзувачко од политички аспект отворено јас не можам да ја поднесам пораката која што сака да се даде. Дури и само тоа што Европскиот парламент презема една ваква иницијатива да оди на едно вакво гласање значи дека им ја отвора својата прегратка на терористичките организации и застанува на нивна страна.“

Претседателот Ердоган привлече внимание дека турскиот народ кој што плати голема сметка ноќта на 15 јули кога Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО се обиде да изврши преврат, се соочи со безмилосни критики и неправедни обвинувања од страна на Западот.

Ердоган напомена дека двојниот стандард и дволичниот став сеуште продолжуваат и додаде дека операциите за перцепција кон Турција наместо да се намалуваат се зголемуваат.

Подвлекувајќи дека челникот на ФЕТО во Пенсилванија (Фетулах Ѓулен) претставува голема закана за сите земји, а не само за Турција, Ердоган рече: „Оваа организација е нео атентатор на денешницата.“

Претседателот Ердоган нагласи дека онака како што се води борба против ДАЕШ, ПКК, Ал Каеда, Боко Харам и Еш-Шебаб со иста одлучност треба да се води борба и против ФЕТО.

Велејќи дека  не е можно повеќе да се трпи тоа што западните земји своите сопствени без излези и своите сопствени кризи ги селектираат и одразуваат над исламскиот свет и муслиманите, претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Бидејќи доколку ние нашата реакција не ја изнесеме во рамките на демократските можности бидете сигурни сопствениците на овој став ќе најдат поголема храброст во себе. Доколку ние останеме безгласни за западните земји терористичките организации како што се Ал Каеда и ДАЕШ ќе бидат лоши, додека структурите како што се ПКК, ЈПГ, ДХКП-Џ и ФЕТО кои во моментов не им наштетуваат ќе продолжат да бидат добри за нив.“ 



Слични вести