Ердоган го прими претседателот на Европската делегација за Турција Кристијан Бергер

Најголемите очекувања на Брисел од Бергер се да воспостави односи со турските власти и да ги одржи на задоволително ниво

615486
Ердоган го прими претседателот на Европската делегација за Турција Кристијан Бергер

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган го прими претседателот на Европската делегација за Турција Кристијан Бергер.

Бергер на приемот во претседателскиот дворец на претседателот Ердоган му ги предаде акредитациите.

Кристијан Бергер, заедно со сопругата и делегацијата во негова придружба по предавањето на акредитациите, се фотографираа за спомен.

Европската Унија, по објавувањето на соопштението во врска со договорот за мигрантите кој беше постигнат меѓу Анкара и Брисел наиде на остри критики од турската влада, поради што претседателот на европската делегација за Турција Хансјорг Хабер беше принуден да поднесе сотавка. На негово место во јули беше именуван Директорот за Блискиот исток и Северна Африка на  европскиот сервис за надворешни акции Австриецот Кристијан Бергер.

Високиот претставник за надворешна работи и надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини лично по телефон го побара министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу и го информираше дека за нов претставник е назначен Бергер кој има 30 годишна кариера. Бергер привлекува внимание со тоа што претежно работел на задачи на Блискиот исток.

Најголемите очекувања на Брисел од Бергер се во овој критичен период низ кој поминува Турција да воспостави односи со турските власти и да ги одржи на задоволително ниво. Од Бергер се очекува да биде проактивен колку што е потребно.



Слични вести