Владата одржува состанок под претседателство на премиерот Бинали Јидлирим

Не станува збор за никаква вонредна ситуација во економијата

615064
Владата одржува состанок под претседателство на премиерот Бинали Јидлирим

Потпретседателот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш на прес конференцијата што ја одржа додека трае состанокот рече дека се е под контрола во економијата на земјата.

Владата активно ги следи случувањата во економијата. Не станува збор за никаква вонредна ситуација во економијата.

Во врска со предлог-законот за забраната на гласот на езанот во Израел портпаролот Куртулуш рече дека е неприфатливо изнесувањето на дневен ред на предлогот за забрана на гласот на езанот во Ал-Акса и другите џамии. Оваа состојба целосно се коси со верските и слободата на совест.

На Владиниот состанок се разгледуваат операцијата Еуфратски штит, случувањата во Сирија и Ирак како граничната безбедност.

На состанокот меѓудругото се разгледуваат безбедносните мерки и санкции кои се предвидува да се преземат во борбата Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ), екстрадицијата на челникот на терористичката организација Фетулах Ѓулен како и членовите на терористичката организација кои побегнаа во странство.



Слични вести