Ништо не може да го промени фактот дека не беше извршен ерменски геноцид

Турските вооружени сили немаат никаква врска со интервенцијата врз Алепо

614656
Ништо не може да го промени фактот дека не беше извршен ерменски геноцид

Началникот на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар рече дека покрај тоа што и целиот свет да го каже спротивното, ништо не може да го промени фактот дека не беше извршен ерменски геноцид.

Началникот на Генералштабот Акар на состанокот на Комитетот за одбрана и безбедност што се одржа во рамките на 62-то Генерално заседание на Парламентарната Асамблеја на НАТО одржа презентација.

Нешто потоа збор зеде ерменскиот пратеник Корјун Нахапетјан кој рече дека 26 земји го признале наводниот ерменски геноцид и дека во врска со тоа нема ниту една истрага.

На тоа началникот на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар одговори: Во 16-от век, кога Галилео тврдеше дека светот се врти околу својата оска, целиот свет го тврдеше спротивното. Нивното тврдење никогаш не ја промени вистината дека светот се врти. Што значи дека и покрај тоа што сите земји во светот да кажат дека „имаше геноцид“, не може да го промени фактот дека немаше геноцид, рече Акар.

Остриот одговор на Генералот Акар на ерменскиот пратеник кој го критикуваше военото присуството на Турција во Сирија и Ирак беше проследено со силни аплаузи во салата.

За возврат на тврдењата на ерменскиот делегат за турска интервенција во Алепо, началникот на генералштабот, генерал на армија Хулуси Акар рече:

Турските вооружени сили немаат никаква врска со интервенцијата врз Алепо. Ако има некој кој што може да го изнесе и докаже тврдењето дека бил исфрлен само еден куршум од наша страна, јас ќе поднесам оставка. Ова е невоспитување и лага, рече Акар.

Најголема пречка пред меѓународната стабилност е тероризмот, рече Акар и потенцираше дека Турција подолг временски период води борба против терористичките организации ФЕТО, ДЕАШ, ПКК, ПЈД и ЈГП. Наведените терористички организации претставуваат закана за сите земји членки на НАТО и целиот свет, а не само за Турција.

Во врска со борбата против тероризмот се фрлени сериозни чекори и во врска со операцијата Еуфратски штит фенералот Акар рече: Бидете убедени дека ниту еден долар од вашите буџети не е непотребно потрошен.

Началникот на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар во говорот им се заблагодари на сите ние кои што го посетија, остварија телефонски разговори и пружија поддршка по обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули.

Ставот на НАТО кон Турција има многу големо значење за земјава, рече Акар и потенцираше дека соработката меѓу Турција и НАТО уште повеќе ќе зајакне.



Слични вести