Претседателот Ердоган се состана со вршителот на должноста узбечки претседател Шевкет Мирзијаев

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган се состана со вршителот на должноста претседател на Узбекистан и актуелен премиер Шевкет Мирзијаев

613389
Претседателот Ердоган се состана со вршителот на должноста узбечки претседател Шевкет Мирзијаев

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на својата работна посета на Узбекистан каде што допатува вчера најпрвин во градот Самарканд го посети гробот на првиот претседател на Узбекистан покојниот Ислам Керимов.

Овде претседателот Ердоган се состана со вршителот на должноста претседател на Узбекистан и актуелен премиер Шевкет Мирзијаев.

На средбата претседателот Ердоган потсети дека поради самитот на Г-20 што се одржа на 4 и 5 септември во Кина не можеше да учествува на погребната церемонија на покојниот претседател Ислам Керимов и рече: „Денеска со посета на неговиот гроб лично ја исполнив оваа задача и во име на мојот народ. По тој повод уште еднаш му посакувам на покојниот Керимов милост од Аллах и го изразувам моето сочувство до целиот узбечки народ.“

Нагласувајќи дека Узбекистан со нејзината коренита државна традиција, историското наследство и стратешката местоположба претставува гаранција за стабилноста во регионот, Ердоган продолжи со следните зборови: „Во новиот период треба да работиме за развивање на нашите односи со сите сфери. Нашите министри за надворешни работи минатиот месец остварија значајни разговори во Ташкент. На разговорите зацртавме патна карта. Ги очекуваме драгоцените придонеси и предлози на узбекистанската страна на овој документ. Со тоа што интензивно ќе ги ставиме во примена прашањата кои што ќе заземат место во овој документ се надевам дека за кусо време ќе го надокнадиме времето кое што го изгубивме досега.“

Вршителот на должноста претседател на Узбекистан Шевкет Мирзијаев исто така го изрази своето задоволство од посетата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рече: „Ви благодарам поради тоа што по повод смртта на Ислам Керимов испративте ваша делегација на ниво на потпретседател на владата и испративте порака со сочувство во која ја споделивте нашата жалост.“ 



Слични вести