Портпаролот на МНР на Германија: Турција природно е во состојба на висок степен на аларм

Портпаролот на германското министерство за надворешни работи Мартин Шефер истакна дека Турција поради случувањата во Ирак и Сирија природно е во состојба на висок степен на аларм

613762
Портпаролот на МНР на Германија: Турција природно е во состојба на висок степен на аларм

Портпаролот на германското министерство за надворешни работи Мартин Шефер одржа конференција за претставниците на печатот во Берлин на која истакна дека помеѓу владите на Германија и Турција не постојат разидувања во ставовите по прашањето на борбата против терористичката организација ДАЕШ.

Шефер напомена дека Турција обезбедува значаен придонес за меѓународната коалиција која е формирана со цел борба против терористичката организација ДАЕШ. 

Истакнувајќи дека Турција поради случувањата во Ирак и Сирија природно е во состојба на висок степен на аларм, Шефер рече: „Тоа е и причината поради која турската влада во изминатите месеци и години донесе голем број одлуки за акција во надворешната политика и одбранбените и безбедносните политики. За да можела да одговори на овие видливи закани насочени против стабилноста и безбедноста на Турција.“ 

Портпаролот на германското министерство за надворешни работи Шефер укажа на тоа дека Турција уште од почетокот е дел од коалицијата формирана од страна на меѓународната заедница која води борба против терористичката организација ДАЕШ и продолжи со следните зборови: „Тоа беше ставено во примена пред повеќе од 2 години.Турција е покрај нас и прави многу за да се застане против ДАЕШ која претставува закана за нејзините сојузници, самата нејзе и меѓународната заедница.“

Велејќи дека не станува збор за разидувања во ставовите со Турција во борбата за која станува збор, Шефер рече: „Веруваме дека борбата што се води во Сирија и Ирак и вон тоа против ДАЕШ треба да стана наша приоритетна партнерска политика од аспект и на двете земји и целокупната коалиција против ДАЕШ.“



Слични вести