Двајца терористи на ПКК кои избегале од северот на Ирак се предадоа во Чукурџа кај Хаќќари

Двајца терористи на ПКК кои избегале од областа Зап на северот на Ирак им се предадоа на турските безбедносни сили во Чукурџа кај Хаќќари

613727
Двајца терористи на ПКК кои избегале од северот на Ирак се предадоа во Чукурџа кај Хаќќари

Двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои избегале од областа Зап во северниот дел на Ирак им се предадоа на турските безбедносни сили во населеното место Чукурџа во округот Хаќќари.

Двајцата терористи кои се предадоа истакнаа дека насилно биле приморани да се приклучат на терористичката организација ПКК и дека уште од првиот ден биле подложени на насилство.

Велејќи дека освен таканаречениот лидерски кадар сите други припадници на организацијата живеат под многу тешки услови двајцата терористи на ПКК воедно истакнаа дека децата биле принудувани да работат под мошне тешки услови. 

Од друга страна бројот на неутрализираните терористи на ПКК во рамките на реализираните операции во Хаќќари од 4 август досега достигна до 513.



Слични вести