Законодавната и извршната власт во претседателскиот систем ќе бидат одвоени и независни

Како што извршната власт не ќе може да ја оконча функцијата на претседателот, исто така и претседателот не ќе може да ја укине законодавната власт

612414
Законодавната и извршната власт во претседателскиот систем ќе бидат одвоени и независни

Министерот за правда Бекир Боздаг рече дека законодавната и извршната власт во претседателскиот систем ќе бидат одвоени и независни.

Во изјавата преку профилот на Твиотер, министерот Боздаг рече дека членовите на законодавната власт и претседателот се избираат посебно од страна на народот. Како што извршната власт не ќе може да ја оконча функцијата на претседателот, исто така и претседателот не ќе може да ја укине законодавната власт.

За започнување и продолжување на претседателскиот мандат, претседателот нема потреба од довербата на законодавната власт, рече Бзодаг и подвлече дека изборот и промената на власта може да се изврши само со гласовите на народот.

Политичката стабилност и силна власт се природен и задолжителен исход на претседателскиот систем.

Парламентарниот систем не е резултат на политичката стабилност и природниот и задолжителен исход на системот. Тоа е само една од веројатните последици. Во парламентарниот систем секогаш не може да се избере самостојна влада, рече Боздаг.

Во Турција беа реализирани двете опции.

Од 29 октомври 1923 година до денес, во изминатите 93 години формиравме 65 влади. Просечниот период на владеење на секоја влада траеше 17,5 месеци. Да беше претседателски систем, на претседателската функција ќе се најдеше 24 претседател. 65-от претседател на Турција на власт ќе дојдеше дури во 2183 година.



Слични вести