Претседателот Ердоган: Покрај терористичката организација ДАЕШ стои Западот

Претседателот Ердоган во своето обраќање пред пакистанските пратеници истакна дека покрај терористичката организација ДАЕШ која нема никаква врска со исламската религија стои западниот свет

612796
Претседателот Ердоган: Покрај терористичката организација ДАЕШ стои Западот

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган кој престојува во официјална посета на Пакистан се обрати пред пратениците во пакистанското Национално собрание и говореше за тешкотиите во борбата против терористичката организација ДАЕШ. 

Ердоган истакна дека покрај терористичката организација ДАЕШ која нема никаква врска со исламската религија стои западниот свет и рече: „Оружјето кое што го запленивме видовме дека по потекло е од Западот. Сето тоа се прави против исламскиот свет.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека штетата која што му се нанесува на исламот од страна на оваа терористичка организација не му е нанесена од ничија страна и својот говор пред пакистанските пратеници го продолжи со следните зборови: „Западот моментално стои покрај ДАЕШ. Оружјето кое што го запленивме видовме дека по потекло е од Западот. Сето тоа се прави против исламскиот свет: Сирија, Ирак, Либија, Авганистан. Потоа гледате се иницира судир помеѓу Авганистан и Пакистан. Дали Пакистан се спаси од тероризмот? Не може да се спаси. Турција? Не може да се спаси. Овие стада убијци за најскоро време треба да ги искорениме и исфрлиме од исламскиот свет. Во спротивно не можеме да се стекнеме со спокојство.“



Слични вести