Во операцијата Еуфратски штит воспоставена контролата во 207 населени места на северот на Сирија

Опозиционерите ја воспоставија контролата во населените места Кабасин и Ал Куфајр во Карадаг со што од почетокот на операцијата Еуфратски штит досега е воспоставена контролата во 207 населени места на северот на Сирија

611974
Во операцијата Еуфратски штит воспоставена контролата во 207 населени места на северот на Сирија

Во операцијата Еуфратски штит која што беше започната под водство на Турските вооружени сили на 24 август со цел исчистување на северниот дел на Сирија од терористичките елементи загина еден опозиционер припадник на Слободната сириска армија (ССА), а 14 опозиционери беа ранети.

Опозиционерите ја воспоставија контролата во населените места Кабасин и Ал Куфајр во Карадаг.

Во вооружените судири во текот на денот беа фатени живи тројца припадници на терористичката организација ДАЕШ.

Од почетокот на операцијата Еуфратски штит досега е воспоставена контролата во 207 населени места.

Беше отворен оган врз 74 цели на терористичката органзиација ДАЕШ и една цел на ПЈД/ПКК со што беа уништени позициите на овие две терористички организации.

Во областите исчистени од терористичката организација ДАЕШ беа контролирано уништени и 8 експлозивни направи од рачна изработка.



Слични вести