Остри критики од Омер Челик до Брисел: ЕУ треба да презентира солидарност со Турција и на дело

Министерот за ЕУ Омер Челик изнесе остри критики против Брисел и истакна дека ЕУ вон тоа што дава изјави со поддршка на борбата на Турција против тероризмот треба да презентира солидарност со Турција и на дело

611649
Остри критики од Омер Челик до Брисел: ЕУ треба да презентира солидарност со Турција и на дело

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик во рамките на своите разговори во белгискиот главен град Брисел се состана со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц и Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.

По овие свои остварени средби министерот Омер Челик одржа конференција за претставниците на печатот на која истакна дека реализира една однапред испланирана посета на Брисел и дека на средбите отворено и јасно ги сподели со своите соговорници ставовите на Турција.

Челик напомена дека ЕУ вон тоа што дава изјави со поддршка на борбата на Турција против тероризмот треба да презентира солидарност со Турција и на дело.  

Велејќи дека состојбата до која е дојдено го претставува најкршливиот период во односите меѓу Турција и ЕУ и дека доста долго време како за жал од страна на ЕУ се изнесуваат одредени систематски изјави кои што во никој случај не можат да се прифатат, Омер Челик истакна дека како последно во подготвениот извештај за напредокот на Турција се наоѓаат голем број неурамнотежени работи и дека некои изрази кои што се користат покажуваат оти оние кои го подготвиле овој извештај не можеле точно да ги сфатат случувањата во Турција.

Министерот за ЕУ Омер Челик нагласи дека јазикот што се употребува против Турција не може да се прифати и дека Турција во текот на својата историја е силна европска држава и 100 години како е силна европска демократија.

Потсетувајќи дека отпорот што го покажа турскиот народ за време на обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули претставува пример за сите демократии, Челик рече: „Во условите во кои што се наоѓаме треба да се воспостават многу посилна солидарност и посилни механизми меѓу Турција и ЕУ. Да се употребува игнорирачки, екстернализирачки и обвинувачки јазик против Турција претставува најнелогична работа што би била направена во оваа фаза. Она што е правилно е да се употребува јазик на соработка. Турција да се разбере правилно.“

Омер Челик појасни дека слободното шетање на елементите на како што се терористичката организација ПКК и Фетулахистичката терористичка органзиација ФЕТО по Европа како и да се одржуваат одредени изложби во ЕУ со кои се упатуваат пофалби на терористичката организација ПКК се коси се вредностите што ги претставува ЕУ и продолжи со следните зборови: „Сето тоа никако не може да се прифати. Уште еднаш им го реков тоа и им го потцртав на моите соговорници.“

Критикувајќи го и ставот на еврокомесарот одговорен за проширување Јоханес Хан, министерот за ЕУ Омер Челик рече: „Еврокомесарот одговорен за проширување тогаш кога е во прашање Турција презентира став со кој што се попречува проширувањето. Меѓутоа негова должност е да го овозможи проширувањето. Никој не треба да ги изнесува своите сопствени идеолошки сфаќања и своите сопствени политички размислувања затскривајќи се зад институциите на ЕУ и искористувајќи го името на Унијата.“

Челик воедно покажа реакција и на средбата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан со пратеникот на Демократската партија на народите (ХДП) од Ширнак Фајсал Саријилдиз кој во рамките на истрагата што се води против тероризмот беше повикан на сослушување, но откако не одговори на повикот на судот против него беше донесена одлука за притвор и по кого сега е издадена потерница.

„Не може да се прифати еврокомесарот одговорен за проширување да остварува средби кои што ќе ги навредат чувствителностите на Турциј, како и тоа и покрај тоа што тоа не претставува негова должност да ги прими лицата по кои се трага во Турција со донесена судска одлука и да презентира став против Турција. Тоа значи ’Ние сакаме да се влошат односите со Турција.’ “ - рече министерот Челик. 

Велејќи дека во точката до која што е дојдено негативниот јазик што се употребува од страна на ЕУ против Турција и изнесувањето на изрази во приодот на Унијата кон Турција само преку негативна агенда, не го унапредува процесот, министерот за ЕУ Омер Челик продлжи со следните зборови: „Не е можно да постигнеме напредок во овој процес.  ЕУ вон тоа што изнесува поддршка на борбата на Турција против ПКК и ФЕТО на ниво на реторика и давање изјава треба да презентира солидарност и на дело.  Треба да се ограничат и спречат активностите на припадниците на ФЕТО и ПКК и да се исполнат мошне брзо прашањата како што се нивното предавање на Турција.“



Слични вести