„Јазикот што се употребува во извештајот на ЕУ за напредокот на Турција е неприфатлив“

Министерот за ЕУ Омер Челик истакна дека не може да се прифати јазикот што се употребува во извештајот на ЕУ за напредокот на Турција

611453
„Јазикот што се употребува во извештајот на ЕУ за напредокот на Турција е неприфатлив“

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик по соопштувањето на извештајот на ЕУ за напредокот на Турција одржа конференција за претставниците на печатот.

Челик истакна дека не може да се прифати јазикот што се употребува во извештајот на ЕУ за напредокот на Турција и рече: „Каналите за дијалог се отворени, но не може да се постигне напредок.“

Велејќи „Продолжуваат реториките со кои што се настојува да се донесе пресуда за Турција“, министерот Челик го критикуваше еврокомесарот одговорен за проширување Јоханес Хан во врска со кого рече: „Еврокомесарот одговорен за проширување презентира попречувачки став. Негативниот приод на ЕУ не дозволува напредок во процесот.“

Министерот за ЕУ Омер Челик освен тоа ја повика ЕУ да покажува вистинска солидарност со Турција по прашањето на Фетулахистичката терористичка организација/Пралалената државна структура (ФЕТО/ПДЈ) и ПКК.



Слични вести