Терористичката ПКК влезе во процес на распаѓање: Вооружени судири во организацијата

Во реализираните операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) против терористичката организација ПКК во руралните подрачја на населените места Чукурџа и Јуксекова во округот Хаќќари се неутрализирани 510 терористи

611181
Терористичката ПКК влезе во процес на распаѓање: Вооружени судири во организацијата

Сепаратистичко-терористичката организација ПКК влезе во порцес на распаѓање и започнаа судири внатре во организацијата.

Во реализираните операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) против терористичката организација ПКК во руралните подрачја на населените места Чукурџа и Јуксекова во округот Хаќќари се неутрализирани 510 терористи. 

Во операциите во последните 3 месеци безбедносните сили со реализираните операции во вид на упади во сериозна смисла ги зедоа под психолошки и физички притисок терористите во овие подрачја.

Особено постојаните операции на безбедносните сили ги доведоа терористичките елементи во состојба да не можат ниту да здивнат, додека големата деморализација на терористите се одрази и на разговорите на терористите преку токи-воки уреди.

Единиците од составот на Командата на третата дивизија во прислушуваните разговори на терористите преку токи-воки уреди установија дека дошло до вооружен судир помеѓу две групи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Вооружениот судир во близина на областа Шетунус во северниот дел на Ирак беше потврден и од страна на локални извори. 

Од прислушуваните разговори преку токи-воки уреди беа обезбедени информации дека во судирот има загинати и повредени терористи.

Како што се истакнува вооружениот судир се случил помеѓу новите членови и старите членови на терористичката организација, дека новите членови биле принудувани да се борат во предните линии и дека се судриле со старите членови на организацијата поради тоа што совесни биле испраќани во смрт.

Вознемиреноста внатре во терористичката органзиација по ова прашање и претходно беше установена во прислушуваните разговори на терористите преку токи-воки уреди.



Слични вести