Претседателот Ердоган ќе отпатува во посета на Пакистан и Узбекистан

Посетите на Пакистан и Узбекистан имаат за цел зајакнување на постојната соработка меѓу Турција и двете азиски земји

611208
Претседателот Ердоган ќе отпатува во посета на Пакистан и Узбекистан

Претседателот Ердоган ќе отпатува во посета на Пакистан и Узбекистан

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган од 16 до 17 ноември годинава ќе престојува во официјална посета на Пакистан.

По тој повод соопштение пристигна од кабинетот на претседателот на републиката.Во соопштението се подвлекува дека претседателот Ердоган ќе се состане со претседателот на Пакистан Мемнун Хусеин и премиерот Наваз Шериф. Ердоган воедно ќе има обраќање во парламентот и сенатот.

После посетата на Пакистан претседателот Ердоган ќе отпатува за Узбекистан каде ќе престојува од 17 до 18 ноември.

Во Исламабад претседателот Ердоган ќе учествува на состанок со претставници од најкрупните компании. На состанокот ќе присуствува и премиерот Наваз Шериф.

Во Узбекистан претседателот Ердоган ќе биде примен од страна на вршителот на должност претседател, премиерот Шевкет Мирзијајев со кого ќе води разговори посветени на билатералните,регионалните и меѓународните прашања.

Посетите на Пакистан и Узбекистан имаат за цел зајакнување на постојната соработка меѓу Турција и двете азиски земји.



Слични вести