Премиерот Јилдирим на 5 и 6 декември ќе престојува во официјална посета на Русија

На средбите ќе бидат разменети мислења во врска со укинувањето на забраната за извоз на зеленчукот и особено патлиџаните

611217
Премиерот Јилдирим на 5 и 6 декември ќе престојува во официјална посета на Русија

Во рамките на посетата на Русија премиерот Јилдирим ќе одржи средба со рускиот колега Дмитри Медведев.

На средбите ќе бидат разменети мислења во врска со чекорите што ќе се фрлат во сферата на развојот на трговските односи меѓу двете земји.

Посетата на премиерот Јилдирим на Русија е прва посета од периодот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган што ја оствари во периодот додека беше премиер.

На средбите ќе бидат разменети мислења во врска со укинувањето на забраната за извоз на зеленчукот и особено патлиџаните, употребата на домашните валути во трговијата и трговската размена, формирање слободни трговски зони и туризмот.

На билатералните средби ќе бидат разменети мислења и во врска со борбата против Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ), операцијата Еуфратски штит и Ирак.

Во делегацијата во придружба на премиерот Јилдирим се очекува да учествуваат голем број министри и бизнисмени.



Слични вести