ЕУ не ќе може да ја предупредува Турција

ЕУ нека престане да говори со устата на терористите

611259
ЕУ не ќе може да ја предупредува Турција

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека ЕУ која ги отвори портите за приврзаниците на Фетукахстичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) која на 15 јули се обиде да изврши воен удар во земјава, не ќе може да ја предупредува Турција.

Во говорот на состанокот на пратеничката група на Партијата за правда и развој (АКП) во Големото национално собрание на Турција, премиерот Јилдирим направи проценка на актуелните случувања и покрај острата реакција против ЕУ која ги отвори своите порти за терористите рече:

Не можат да на предупредат оние кои ги отворија своите порти за приврзаниците на терористичката ФЕТО и дозволуваат да се обесат постерите на челникот на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. ЕУ нека престане да говори со устата на терористите. Нека прекине со поддршката на терористичките групи и нивните политички продолженија, рече Јилдирим.

Деновиве во ЕУ продолжуваат да се објавуваат низа неповолни изјави и декларации во врска со Турција, рече премиерот Јилдирим и подвлече:

Пријателите во ЕУ не можеа да го изнесат ставот против подмолниот напад на 15 јули кој го очекувавме.

ЕУ треба да одлучи со кого ќе го продолжи патот. Дали со Турција или со непријателите на Турција.

Нашата земја и народот не прима инструкции ниту од една друга земја. Ние единствено примаме инструкции од народот, рече премиерот Јилдирим.



Слични вести