Во близина на Чешме кај Измир фатени 42-јца илегални мигранти

Екипите на Командата на крајбрежната стража во еден гумен чамец во морето кај ’ртот Караабдулах во близина на Чешме кај Измир фатија 42-јца илегални мигранти кои по незаконски патишта се обидуваа да се префрлат на грчкиот остров Хиос (турски Сакиз)

610115
Во близина на Чешме кај Измир фатени 42-јца илегални мигранти

Фатени 42-јца лица со странско државјнаство кои по незаконски патишта се обидуваа со чамец од населеното место Чешме кај градот Измир да се префрлат во Грција.

Екипите на Командата на крајбрежната стража откако установија дека во морето кај ’ртот Караабдулах во близина на Чешме кај Измир се наоѓаат група илегални мигранти со странско државјанство кои со гумен чамец се обидуваат по незаконски патишта да заминат за островот Хиос (турски Сакиз) интервенираа на чамецот.

42-јцата илегални мигранти од кои 39 Сиријци и 3-јца Камерунци кои се наоѓаа во гумениот чамец беа качени на чамецот на крајбрежната стража и беа донесени во населеното место Чешме.

Во оваа прилика на една жена илегална мигрантка и се слоши и по укажаната прва помош од страна на медицинските екипи беше префрлена на лекување во Државната болница во Чешме.

Потоа од болницата беше соопштено дека здравствената состојба на жената била добра.

На илегалните мигранти им беше раздадена вода и храна од страна на претставниците на Меѓународната организација за миграција и по законските постапки беа испратени во Дирекцијата за миграција во Измир.



Слични вести