Турски воени авиони погодија 15 цели на ДАЕШ во Ел Баб: 35 терористи се неутрализирани

Во реализирана воздушна операција од страна на турски воени авиони на областа кај градот Ел Баб во северниот дел ан Сирија се уништени 15 цели на терористичката организација ДАЕШ и се неутрализирани 35 терористи

609969
Турски воени авиони погодија 15 цели на ДАЕШ во Ел Баб: 35 терористи се неутрализирани

Во рамките на операцијата Еуфратски штит која беше започната под водство на Турција на 24 август, со цел исчистување на северниот дел на Сирија од терористичките елементи со противтенковски наведуван проектил беше погодено едно оклопно воено возило и од Дрон беше фрлена експлозивна направа од рачна изработка.

Во нападот беа полесно ранети четворица војници.

Воедно во последните вооружени судири во рамките на операцијата Еуфратски штит загинаа 9 опозиционери припадници на Слободната сириска армија (ССА), а 52-јца опозиционери беа ранети.

Групата на силите со специјална задача составена од опозиционери во голема мера ја воспостави контролата во 7 населени места во Маре и во подрачјето на Раи.

Во отворен топовски и тенковски оган врз припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК кои се обидуваат да ја заземат областа Тал Жижан пак беа неутрализирани 10 терористи на ПЈД/ПКК. 

Воедно и во реализираната воздушна операција од страна на воени авиони на Турските воздушни сили на областа кај градот Ел Баб беа уништени 15 цели на терористичката организација ДАЕШ меѓу кои се наоѓаат и еден командно-контролен центар, складиште за муниција и згради на штабот.

Како што се истакнува во рамките на воздушната операција се неутрализирани и 35 припадници на терористичката организација ДАЕШ.



Слични вести