Претседателот Ердоган предложи да се оди на референдум за пристапните преговори со ЕУ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган предложи да се почека до крајот на годината, а потоа да се оди на референдум за пристапните преговори со ЕУ

610565
Претседателот Ердоган предложи да се оди на референдум за пристапните преговори со ЕУ

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата во Бештепе во Анкара говореше на церемонијата што се одржа за проектот за национално земјоделство и во оваа пригода предложи да се почека до крајот на годината, а потоа да се оди на референдум за пристапните преговори со ЕУ.

Велејќи дека согласно новиот концепт на безбедност на Турција отсега нема да се покажува толеранција кон акциите на ниту една терористичка организација, Ердоган рече: „Независно од големината на терористичката организација ПКК или друга терористичка организација нема да се покажува толеранција и двоумење против ниту една нивна акција. Спротивно на тоа во таква состојба со сета сила со која што расплагаме ќе надвиснеме над терористичката организација и сите нејзини познати и непознати луѓе, поддржувачи и заштитувачи ќе ги казниме со казна која што ја заслужуваат во рамките на правото.“

Претседателот Ердоган напомена дека Турција нема да се воздржува и од водење борба против оние кои стојат во позадината на овие организации и на меѓународна арена.

По прашањето на борбата против тероризмот Ердоган рече: „На нападите ќе возвратиме со таков одговор што оние кои имаат таква намера не ќе можат ниту да помислат на тоа.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган покажа реакција и на изјавите на претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц кој наодамна рече дека доколку повторно ја воведе смртната казна ќе може да се спроведуваат санкции врз Турција во врска со што рече: „Дури и задоцнивте.“

Претседателот Ердоган предложи да се одржи референдум во врска со пристапните преговори со ЕУ по што на крајот од својот говор се сврте кон премиерот Бинали Јилдирим и рече: „Овде е премиерот, овде се и министрите. Јас како претседател велам да трпиме до крајот на годината, а потоа да се обратиме кај народот.“



Слични вести