„Извештајот на ЕУ за напредокот на Турција е пристрасен и неприфатлив“

Вицепремиерот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш истакна дека извештајот за напредокот на Турција кој што минатата недела беше соопштен од страна на ЕУ е пристрасен и неприфатлив

610338
„Извештајот на ЕУ за напредокот на Турција е пристрасен и неприфатлив“

Вицепремиерот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш по неделната редовна владина седница одржа конференција за претставниците на печатот и истакна дека Турција е суверена земја која располага со сила да ја зачува својата сувереност.

Истакнувајќи дека извештајот за напредокот на Турција кој што минатата недела беше соопштен од страна на ЕУ е пристрасен и неприфатлив, Куртулмуш напомена дека целта е Турција да се приклешти во ќош.

Нуман Куртулмуш рече: „Ние сме земја која во самоубиствени бомбашки напади изгубила стотици свои граѓани. Зарем сте виделе да велат ’Ние сме покрај Турција која води борба против тероризмот’? Зарем дури и само еднаш рекле ’стоиме покрај вас’? Зарем досега го проколнале тероризмот? Спротивно на тоа користеа начин на изразување со кој ја изнесуваа својата вознемиреност од борбата на Турција против тероризмот. Дури и за време на обидот за преврат на 15 јули не видовме дека ЕУ стои покрај нас. Критиките ги прифаќаме, но заканувачките зборови не ги прифаќаме.“

Нагласувајќи дека доколку ЕУ сака да обезбеди придонес за правилно функционирање на демократијата не треба да ја остави сама Турција, вицепремиерот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш додаде дека и Турција посакува да ја види поддршката на ЕУ во нејзината борба за да ја зачува и одбрани демократијата и да ја унапреди до уште понапреден степен.



Слични вести