Турција ги предупреди своите граѓани во САД да бидат претпазливи

Турското министерство за надворешни работи објави соопштение во кое ги повика своите граѓани кои живеат или мислат да патуваат за САД да бидат претпазливи поради протестите и насилствата во оваа земја

609626
Турција ги предупреди своите граѓани во САД да бидат претпазливи

Министерството за надворешни работи на Турција ги повика турските граѓани кои живеат или мислат да патуваат за САД да бидат претпазливи поради протестите во оваа земја кои што започнаа по одржаните претседателски избори на 8 ноември.

Во предупредувањето за патување кое се наоѓа во делот за актуелни известувања на интернет страницата на министерството за надворешни работи се потсетува дека продолжуваат протестите во различни градови на САД не чело со Њујорк, Чикаго, Филаделфија, Мајами, Лос Анџелес, Сиетл, Оукленд и Портланд.

Во соопштението се истакнува дека на протестите повремено доаѓа до наслиства помеѓу демонстрантите и безбедносните сили, а исто така се наведува дека во овој контекст од страна на безбедносните сили се притворени голем број демонстранти.

Во соопштението се укажува на тоа дека добиваат интензитет криминалните настани и насилствата особено на протестите во градот Портланд во сојузната држава Орегон и се вели следното: „Протестите во овој град од страна на безбедносните сили се дефинирани како побуба и како последно е соопштено дека за време на протестот во раните утрински часови на 12 ноември во сабота во вооружен напад е рането едно лице. Од пораките на демонстрантите кои што ги споделуваат преку социјалните медиуми се подразбира дека протестите би можеле да продолжат уште извесно време.“

Освен тоа во соопштението се привлекува внимание дека како што се одразува на јавноста во последните денови се доживува пораст и во вербалните и физичките напади како и во случаите на злоупотреба и малтретирање насекаде во САД, во својство на расизам и непријателство кон странците.



Слични вести