Непрестано продолжуваат операциите против терористичката ПКК во земјата и преку границата

Операциите против сепаратистичко-терористичката организација ПКК како внатре во граниите на земјата така и надвор од земјата преку границата продолжуваат непрестано

609757
Непрестано продолжуваат операциите против терористичката ПКК во земјата и преку границата

Во реализираната операција надвор од земјата преку границата во областа Зап во северниот дел на Ирак беа неутрализирани 14 терористи на ПКК.

Во меѓувреме продолжуваат и бегствата од терористичката организација ПКК која пред операциите на безбедносните сили влезе во поцес на големо распаѓање.

7 терористи пак од кои еден во населеното место Јуксекова во округот Хаќќари и 6 во населеното место Силопи во Ширнак кои избегале од терористичката организација им се предадоа на безбедносните сили.

Во градот Шанлиурфа пак за време на реализирани контроли на патот беа фатени двајца терористи.

Во реализираните операции во Битлис и Ван беа запленети големи количини на оружје, муниција и материјали за обезбедување на животните потреби на терористичката организација ПКК.

Во населеното место Бејтушшебап во округот Ширнак беше уништено едно украдено возило за кое било установено дека од страна на терористите била поставена експлозивна направа од рачна изработка.

Од друга страна некои области во населените места Чукурџа, Шемдинли и Јуксекова во округот Хаќќари поради антитерористичките операции беа прогласени за специјални безбедносни зони.   

Во 8 села во градот Дијарбакир пак е донесена одлука за воведување на полициски час.

По оваа одлука во руралните подрачја на населените места Лиџе, Хани и Коџаќој беше започната операција поддржана од водух.



Слични вести