Премиерот Јилдирим му честита на Доналд Трамп за изборот за претседател на САД

Премиерот Јилдирим му честита на Доналд Трамп за изборот за нов претседател на САД и посака изборните резултати за бидат ајирлија за американскиот народ

609333
Премиерот Јилдирим му честита на Доналд Трамп за изборот за претседател на САД

Премиерот Бинали Јилдирим го побара по телефон новоизбраниот 45-ти претседател на САД Доналд Трамп на кого му честита за изборот.

Премиерот Јилдирим во телефонскиот разговор посака изборните резултати да бидат ајирлија за американскиот народ.

Нагласувајќи дека турско-американските односи кои се потпираат на обострано почитување, заеднички интереси и вредности денеска се позначајни од било кога досега, Бинали Јилдирим истакна дека ќе продолжат заедничките напори за унапредување до уште понапреден степен на меѓусебната соработка во наредниот период.

Новоизбраниот претседател ан САД Доналд Трамп исто така му се заблагодари на премиерот Бинали Јилдирим  и истакна дека и придава посебно значење на Турција и дека го оценува за приоритетен развојот до уште повисок степен на односите помеѓу Турција и САД и дијалогот помеѓу двете земји во наредниот период.

Освен тоа во телефонскиот разговор повторно беше нагласена заедничката волја во правец на зајакнување на координацијата во регионалните и меѓународните прашања и во тие рамки продолжувањето на обостраните контакти на високо ниво.



Слични вести