Во операцијата Еуфратски штит воспоставена контролата во 187 населени места на северот на Сирија

Од почетокот на операцијата Еуфратски штит досега од страна на опозиционите елементи е воспоставена контролата во 187 населени места и на површина од приближно 1.520 квадратни километри

608697
Во операцијата Еуфратски штит воспоставена контролата во 187 населени места на северот на Сирија

Во вооружените судири во 80-сетиот ден од операцијата Еуфратски штит која што беше започната под водство на Турција на 24 август, а со цел исчистување на северниот дел од терористичките елементи загинаа 8 опозиционери припадници на Слободната сириска армија (ССА), а 7 опозиционери беа повредени.

Според добиени информации од Турските вооружени сили (ТВС) од почетокот на операцијата Еуфратски штит досега од страна на опозиционите елементи е воспоставена контролата во 187 населени места и на површина од приближно 1.520 квадратни километри.

Во 80-сетиот ден од операцијата   беа уништени 52 утврдени засолништа и одбранбени позиции на терористичката организација ДАЕШ и 13 на терористичката организација ПКК/ПЈД.

Во меѓувреме во реализираната воздушна операција од страна на коалиционите сили на областа Шувајхат Шадир беа уништени едно возило наоружано со тежок митралез, една позиција со противавионско оружје и една одбранбена позиција.

Од друга страна на границата со Сирија непрекинато продолжуваат да се реализираат и активности за извидување и набљудување со беспилотни летала Бајрактар и Ѓозџу.



Слични вести