Турција остро го осуди нападот на германскиот Генерален конзулат во Мезар-и Шериф

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека најостро се осудува синоќешниот напад на Генералниот конзулат на Германија во градот Мезар-и Шериф во Авганистан

609133
Турција остро го осуди нападот на германскиот Генерален конзулат во Мезар-и Шериф

Турција најостро го осуди синоќешниот напад на Генералниот конзулат на Германија во градот Мезар-и Шериф во Авганистан.

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се вели следното: „Најостро го осудуваме терористичкиот напад, им посакуваме милост од Аллах на загинатите во нападот, го изразуваме нашето сочувство до нивните блиски, авганистанската влада и братскиот авганистански народ, а на повредените им посакуваме побрзо оздравување.“

Освен тоа во соопштението се додава и следното: „Го доставуваме нашето жалење до нашиот сојузник Германија која како и Турција е една од рамковните земји во Мисијата за одлучна поддршка која има за цел да придонесе во напорите за воспоставување на безбедноста и стабилноста на Авганистан.“ 

Во реализиран напад со возило-бомба на Генералниот конзулат на Германија во градот Мезар-и Шериф во Авганистан животот го загубија 6 лица, а повеќе од 100 лица беа повредени.



Слични вести