Претседателот Ердоган отпатува во посета на Белорусија

На разговорите што ќе се одржат под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и домаќинот белорускиот претседател Александер Лукашенко ќе бидат разгледани актуелни и регионални прашања

608583
Претседателот Ердоган отпатува во посета на Белорусија

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган отпатува во посета на главниот град на Белорусија, Минск. 

На разговорите што ќе се одржат под претседателство на претседателот Ердоган и домаќинот белорускиот претседател Александер Лукашенко ќе бидат разгледани актуелни и регионални прашања.

Освен тоа на разговорите се предвидува да бидат поставени на дневен ред можностите за соработка во правец на продлабочување на односите помеѓу двете земји, како и да бидат потпишани низа договори и протоколи.

Претседателот Ердоган во рамките на својата посета ќе им се обрати и на учесниците на Турско-белорускиот бизнис форум, а ќе учествува и на отворањето на џамијата во Минск која беше повторно изградена од страна на Фондацијата за верски прашања на Турција. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на оваа негова посета на Минск е придружуван од страна на потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за економија Нихат Зејбекџи и министерот за царина и трговија Булент Туфенкџи.



Слични вести