Со љубов, почит и благодарност се сеќаваме на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк

По повод 78-годишнината од смртта на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк, основоположникот на Република Турција денеска се одржуваат церемонии ширум земјата

607546
Со љубов, почит и благодарност се сеќаваме на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк

Денеска со љубов, почит и благодарност се сеќаваме на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк основоположникот на Република Турција.

По повод 10 ноември 78-годишнината од смртта на Ататурк се одржуваат церемонии, програми и манифестации ширум земјата.

Прва адреса на церемониите на кои се состана државниот врв по повод одбележувањето на овој ден се одржа во мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ во Анкара.

Точно во 09:05 часот засвиреа сирените во целаата земја и му беше оддадена почит  со едноминутно молчење на големиот лидер Ататурк.

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и државната делегација во негова придружба го посетија гробот на Ататурк каде што положија венец и му оддадоа почит со едноминутно молчење на големиот лидер во неговиот вечен дом во мавзолејот „Аниткабир“.

Претседателот Ердоган во спомен книгата на мавзолејот го напиша следното: „

„Честит Ататурк, на 78-годишнината од твоето заминување во вечноста уште еднаш со почит се сеќаваме на вашето височество, победоносниот командант на нашата народно-ослободителната борба и основачот на нашата Република. Застануваме во одбрана на Републиката за која велеше дека е твое најголемо дело и која ни ја остави во аманет. Напредуваме со сигурни чекори на патот за да станеме посилна, поугледна и попросперитетна земја во секоја сфера. Никако нема да дозволиме терористичките организации, предавничките банди и мрачните сили од чија страна се користат како маша да го пореметат нашето спокојство, да ја пореметат нашата стабилност, да го расипат нашето братство и да ја одвратат нашата земја од нејзините цели. Почивај во мир.“

Состанокот на сеќавање на Ататурк кој што секоја година традиционално се одржува во Високиот институт за култура, јазик и историја Ататурк во Анкара за прв пат оваа година ќе се одржи во претседателската палата во Бештепе.  

Една друга програма во чест на сеќавање на Ататурк  во Анкара ќе се одржи и од страна на Федерацијата за атлетизам на Турција.

На оваа манифестација денеска на 10 ноември деца на училишна и предучилишна возраст, како и голем број млади ќе трчаат во чест на сеќавање на  Ататурк.

Голем број граѓани во знак на сеќавање на Ататурк и оддавање почит попладне уште еднаш ќе го посетат неговото вечно почивалиште мавзолејот „Аниткабир“.

За програмата што ќе се одржи од страна на Генералштабот беше упатен повик под слоганот „Армијата и народот рака за рака пред Ататурк“.

Во рамките на оваа програма во чест на Ататурк во небото ќе бидат пуштени 1.881 црвено-бел балон .

Освен во главниот град Анкара, во чест на големиот лидер, основоположникот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк на кого на 78-годишнината од неговата смрт уште еднаш се сеќаваме со љубов, почит и благодарност, денеска во текот на денот се одржуваат манифестации и програми и во Истанбул.

На чело на местата кои што денеска ќе бидат посетени од страна на голем број граѓани се наоѓа и сарајот Долмабахче во Истанбул каде што почина големиот лидер Ататурк.

Во квартот Бешикташ ќе се одржи „Марш за сеќавање на Ататурк“, а во квартот Кадиќој во Истанбул ќе биде формиран „Синџир за почит кон Ататурк“.



Слични вести