Сите оние кои што се потпираат на други, ќе продолжат да го плаќаат цехот за тоа

Ние немаме некоја друга држава освен Република Турција. Никој не треба да се меша во работите и сметките на другите држави.

606747
Сите оние кои што се потпираат на други, ќе продолжат да го плаќаат цехот за тоа

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека сите оние кои што се потпираат на други, ќе продолжат да го плаќаат цехот за тоа.

Во говорот на состанокот на 5-от Совет на еснафите и занаетчиите во конгресната сала Конгресиум на Трговската комора на Анкара, претседателот Ердоган рече:

Ние немаме некоја друга држава освен Република Турција. Никој не треба да се меша во работите и сметките на другите држави. Сите оние кои што мислат да се мешаат во сметките на другите држави, треба да бидат свесни дека ќе го платат цехот за тоа и го плаќаат. Сите оние кои што се потпираат на други, ќе продолжат да го плаќаат цехот за тоа. Ние се потпираме на поддршката на правдата и народот, нашата разлика е во тоа.

Во освртот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, претседателот Ердоган рече:

Доколку успееше обидот за воен удар на 15 јули, што ќе направеше терористичката ФЕТО? Уште колку искуства треба да доживееме за да ги видиме вистинско и темно лице на терористичката организација која им дава право на живеење само на оние кои што им се верни? ФЕТО под „доброволен прилог“ ги врза за арач еснафот и занаетчиите, освен материјалниот притисок, применуваа и духовен притисок. Сето тоа не е во согласност ниту со етичките вредности ниту пак со исламот. Во нашата цивилизација и култура никогаш нема место за такви нешта, рече претседателот Ердоган.

15 јули претставува последно предупредување за сите оние кои што немаа можност да го увидат вистинското лице на терористичката организација ФЕТО, рече претседателот Ердоган и потенцираше дека во случај сеуште има лица кои продолжуваат со членството во организацијата, тогаш треба да знаат дека тие вршат предавство на верата, земјата, народот. Истото важи и за членовите на терористичката организација ПКК.

Факт е дека терористичката организација ПКК и нејзините цивилни продолженија, продолженијата во парламентот се искористуваат како средства и стапици за спречување на развојот и прогресот на Турција, рече претседателот Ердоган и потенцираше дека сите граѓани кои ја сакаат државата и народот, треба да излезат во пресрет на државата во овој тежок период низ кој поминуваме. Не треба да им дозволиме на насилниците, без оглед на тоа дали станува збор за верски, секташки или расни насилници да ги искористат нашите чувства. Запад со весниците, изјавите на министрите и други високи функционери ја предизвикува Турција. Каде бевте кога се затвораше партијата чиј претседател бев во минатото? - рече претседателот Ердоган.



Слични вести