Сарикаја: Верувам дека блиската соработка помеѓу Турција и САД ќе зајакне уште повеќе

Претседателот на Турско-американската меѓупарламентарна група за пријателство Али Сарикаја го изрази своето верување дека блиската соработка помеѓу Турција и САД во наредниот период ќе зајакне уште повеќе

607495
Сарикаја: Верувам дека блиската соработка помеѓу Турција и САД ќе зајакне уште повеќе

Претседателот на Турско-американската меѓупарламентарна група за пријателство во Големото Народно Собрание на Турција Али Сарикаја во врска со изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД го изрази своето верување дека блиската соработка помеѓу Турција и САД во наредниот период ќе зајакне уште повеќе. 

Во писменото соопштение кое што го објави по повод изборот на Доналд Трамп за нов 45-ти претседател на САД, Али Сарикаја посака изборните резултати да станат повод за добри работи за американскиот народ.

Привлекувајќи внимание дека Турција и САД повеќе од 60 години водат една продуктивна соработка во однос на регионални и меѓународни прашања во правец на взаемната доверба и на основа на меѓусебно почитување и заедничките интереси, Сарикаја нагласи дека односите помеѓу двете земји во овој период на нови предизвици кога регионалните ризици од конфликт и меѓународниот тероризам им се заканува на глобалната безбедност и стабилноста имаат поголемо значење од било кога досега.

Сарикаја потсети дека лично верува оти блиската соработка помеѓу Турција и САД кои се две пријателски, партнерски и сојузнички земји во наредниот период ќе бидат уште повеќе зајакнати на начин кој што ќе придонесе кон решавање на регионалните и глоалните прашања.

„Отворено стои дека односите помеѓу двете земји чии корења на поконкретна и напредна соработка во нашата заедничка борба  против тероризмот на чело со борбата против ФЕТО и ПКК се продлабочуваат ќе бидат унапредени уште повеќе и ќе биде зајакнето сфаќањето на взаемна доверба.“ - истакна Али Сарикаја. 

Сарикаја исто така им посака успешна работа на новиот претседател на САД Доналд Трамп и на новите членови на американскиот Конгрес.



Слични вести