Претседателот Ердоган му честита на Трамп за изборот за нов претседател на САД

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му честита на Доналд Трамп за извојуваната победа на претседателските избори и изборот за нов претседател на САД

607477
Претседателот Ердоган му честита на Трамп за изборот за нов претседател на САД

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган го побара по телефон Доналд Трамп и му честиташе за изборот за нов 45-ти претседател на САД.

Според добиени информации од извори на кабинетот на претседателот, претседателот Ердоган на Трамп на кого му честита по повод извојуваната победа на претседателските избори исто така му посака успех во претседателскиот мандат.

Привлекувајќи внимание дека Турција и САД се сојузници кои се обединуваат на основа на меѓусебно почитување, заеднички интереси и заеднички вредности, Ердоган нагласи дека лично верува оти во наредниот период билатералните односи помеѓу двете земји заедно ќе бидат уште повеќе зајакнати.

Во телефонскиот разговор за кој како што се дознава поминал во срдечна атмосфера претседателот Ердоган и новиот претседател на САД Доналд Трамп освен развивањето на билатералните односи уште повеќе ја нагласиле и одлучноста во однос на соработката во регионални и меѓународни прашања на чело со борбата против тероризмот. 

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во врска со оваа негова честитка до новиот претседател на САД Доналд Трамп објави порака и преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер.



Слични вести